Мактренд е транспортна компанија основана во 1991 година. Уште од самите свои почетоци лиценцирана е за меѓународен и внатрешен товарен патен транспорт. Возниот парк брои повеќе до 30 возила, во чиј состав се камиони со највисоки ЕУРО 6 стандарди, различна носивост како и комби и пикап возила за експресен товарен патен транспорт и достава. Имајќи го во предвид фактот дека нашата компанија е меѓународно ориентирана и ги нуди своите услуги на странски пазари, од 2015 година почна со имплементација на ISO стандардите , за да во 2017 год. процесот на имплементација и транзиција на стандардите биде завршен и сертифициран со ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18001:2007. Мактренд располага со сопствени возила кои се опремени за транспорт на различни видови стоки: палетизирана, непалетизирана, опасни материи, АДР, збирен транспорт и комплетни утовари. Компанијата поседува ЦЕМТ дозволи што овозможува вршење на транспорт помеѓу трети земји и располага со комплетно ЦМР осигурување. Постојаната комуникација со транспортните возила е основниот сегмент во начинот на функционирање на компанијата.
Релации: од/кон цела Европа.